Хаос во Неготино по силното невреме: Поплавени куќи, деловни објекти и трафостанца на ЕВН

 

Голем хаос остави зад себе денешното невреме што го зафати градот Неготино во 11.45 часот Невремето пропратено со врнежи од дожд предизвикало поплави во повеќе деловни објекти во центарот на градот, куќа, но  трафостаница на ЕВН.

За поплавата во ЕВН било реагирано навреме од страна на ТППЕ Неготино, по што не дошло до прекин во електроснабдувањето, информираат од Центарот за управување со кризи за „Прес24“.

„Региналниот ЦУК Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Неготино, во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд. 

Врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН за којашто било реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино и не дошло до прекин во електроснабдувањето. Исто така, во с. Дисан имало поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот“, изјавија од ЦУК за „Прес24“.

31.05.2023 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега