Хари бара правда за Меган: Сите треба да ѝ се извинат

 

 


Откако во мемоарите од 400 страници раскажа голем број тајни на најблиските, принцот Хари бара од кралското семејство да ѝ се извини на Меган Маркл. Хари не кажа зошто кралското семејство треба да ѝ се извини на неговата сопруга.

Хари вели дека ја зазел вистинската страна во војната меѓу нив двајца и Виндзорите. Принцот тврди дека јазот меѓу него, Меган и остатокот од кралското семејство не би дошол до ова ниво доколку порано ги послушале неговите грижи.

Тој за драмата го обвини само своето семејство.

„ Сето тоа можеше да се избегне. Но, тие едноставно не можеа да се воздржат“, вели Хари.

Тој додаде дека неговото семејство го смета за параноично. Принцот вели дека чувствува одговорност да ја реформира монархијата во интерес на неговите две мали деца.

15.01.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега