Харис потроши 20 пати повеќе од Трамп на рекламирање на социјалните мрежи


Американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис потроши 20 пати повеќе пари за рекламирање на социјалните мрежи отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на дебатната недела, објави денеска Њујорк Тајмс.

Харис наводно потрошила 12,2 милиони долари на рекламирање на Фејсбук и Инстаграм за време на дебатната недела, додека Трамп потрошил нешто повеќе од 611.000 долари.

Претседателската дебата се одржа на телевизијата ABC на 10 септември, а Трамп, иако го оцени својот настап како „најдобар досега“, одби да учествува на следната.

20.09.2024 - 17:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега