Хирурзите во Ниш со херојски подвиг за пациентите да не чекаат на листа за операција

Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција.

-И овој викенд, петти по ред, го поминавме работно, оперирајќи ги пациентите од листата на чекање. Првпат го правевме тоа во две операциони сали, па од петокот до неделата извршивме дури 22 операции. Сите оперирани пациенти се добро и без компликации, изјави директорот на клиниката Драган Милиќ.

Тој додаде дека од почетокот на годината направиле 101 операција, додека во истиот период лани нивниот број бил 36.

24.02.2023 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега