Холандија е најбезбедна земја за патување во 2023

Американската компанија „Беркшарај Хатавеј Тревал Протекшн“ ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година. Од вкупно 15 претставени, 11 се од Европа, а Холандија го освои првото место, објави Reporter. 

Неколку фактори придонесуваат за рангирањето, вклучително и резултатите од анкетата на луѓе кои посетиле дестинации, Глобалниот индекс на мирот (GPI), најновите совети за патување на американскиот Стејт департмент и резултатите од Геошр Глобал, кои комбинираат криминал, здравје и предупредувања за патување за големите градови. 

Надвор од Европа, Австралија, Канада, Нов Зеланд и Обединетите Арапски Емирати исто така се најдоа на листата најбезбедни.

 

09.01.2023 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега