Хорор во Кавадарци: Прво се обидел да избоде сограѓанин, потоа и дете во парк
Приведен бил кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР - Велес.
Д.С. бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа