Хорор во Македонија: Младо момче си ја претепа бабата

 

Млад кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.  

-Синоќа  во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Д.(24) од овој град, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 75-годишна баба и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Н.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

08.04.2025 - 11:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега