Хороскопски знаци кои сакаат само еднаш во животот

 

Одредени хороскопски знаци немаат никакви проблеми со вљубувањето, тоа им доаѓа природно. Кога една врска ќе заврши, почнува друга, а претходниот партнер припаѓа во минатото. Од друга страна, одредени знаци во зодијакот не се во состојба да се вљубат повеќе пати во животот.

Кога тоа ќе се случи, засекогаш негуваат чувства кон личноста која првично им го украла срцето. Ако сте родени во еден од овие три знаци или ги имате во подзнак, веројатно цврсто и трајно се врзувате во љубовта. Помислата за промена на партнер, за зближување со друг човек едноставно ви е ужасна. Да се сака само еднаш во животот не е мит, туку честа појава кај Раковите, Биковите и Рибите.

Рак

Раковите важат за најверни партнери, многу се чувствителни и се врзуваат трајно и длабоко. Кога еднаш ќе засакаат некого, Раковите го сакаат засекогаш, дури и кога со години немаат никаков контакт со личноста која некогаш ја сакале. Многу тешко преболуваат и продолжуваат со години да бидат сами, не успевајќи да пронајдат нова љубов. Дури и кога ќе доживеат нова љубов, онаа старата нема да згасне, туку само ќе ја потиснат во минатото на кое секогаш ќе се сеќаваат.

Риби

Исто како Раковите, и овој воден знак е емотивен, чувствителен и понекогаш тоа е претерано. Кога ќе засакаат некого го сакаат таков каков што е, со сите слабости и различности. Рибите траат и трпат, во нивната глава љубовта ја гледаат низ розови очила. Често ги идеализираат партнерите, па затоа не им сметаат толку нивните маани. Ако згрешат во изборот и саканиот ги остави, или уште полошо, ако стапат во брак и истиот заврши со развод, Рибите тагуваат и не можат да се помират со тоа. За нив тоа е најголемиот животен пораз, од кој тешко закрепнуваат. Новите врски ќе бидат површни и колку и да успеат да засакаат некој друг, губењето на претходната љубов секогаш ќе биде посилен од новата љубов.

Бик

Меѓу најверните знаци е Бикот, единствениот земјен знак меѓу чувствителните водени знаци. Со нив владее Венера и тие на љубовта гледаат многу сериозно, таа е најважниот дел од нивниот живот.

Потребна им е трајна врска, брак и семејство за да имаат личен мир. Биковите не се вљубуваат на прв поглед, не брзаат да влезат во врска. Можат да минат години во самотија за да најдат стабилност во својата самостојност, а за тоа време нема да ризикуваат да влезат во некој овршен однос. Многу се темелни и презираат површни работи, односи и вредности.

02.06.2022 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега