Хоспитализиран Милорад Додик - имал пневмонија на двете белодробни крила
Српскиот член и претседател на претседателството Милорад Додик има пневмонија на двете белодробни крила, дознава АТВ.
Мединските лица наведуваат дека тој се чувствувал добро.
Медиумите претходно објавија дека Додик доцна синоќа бил хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.
Кабинетот на Додик ниту ја потврди, ниту ја демантира информацијата.
Додик од саботата беше во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус.
21.12.2020 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа