Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина
Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.
„Хрватската Влада денеска одржа телефонска седница на која донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за Украина, во коорганизација на Владата на Полска, Владата на Кралството Шведска и на претседателот на Европскиот совет, со учество на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, со придонес од 5.000.000 евра“, соопшти владината Канцеларија за односи со јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа