И Богоев ги искритикува пратениците на СДСМ: Тие треба да дискутираат, не да се сликаат и молчат

Уште еден член на СДСМ се јави со реакција по повод денешната собраниска седница и однесувањето на пратениците од новата опозиција. После Андреј Петров, кој кажа дека се срами од однесувањето на пратениците на СДСМ кои со молчење го проследиле денешниот настан во Собранието, се огласи и Стефан Богоев.

„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат!

Особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се бира претседател на Собрание.

СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.

28.05.2024 - 21:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа