И Русија реши да помогне: Испраќа спасувачки тимови во Турција и Сирија

Руските спасувачи ќе се упатат кон Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници беа повредени, објави во понеделникот Кремљ.

Претседателот Владимир Путин телефонски разговараше со сирискиот претседател Башар ал=Асад и турскиот Реџеп Тајип Ердоган и изрази сочувство за смртта и уништувањето во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер, најлошиот што ја погодил Турција овој век. Путин понуди да испрати спасувачки тимови и во Турција и во Сирија.

„Башар ал-Асад со благодарност ја прифаќа понудата и во следните неколку часа спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ќе летаат за Сирија“, соопшти Кремљ.

„Турскиот претседател топло му се заблагодари на Владимир Путин за неговата брза и искрена реакција и рече дека им дава инструкции на надлежните власти во земјата да ја прифатат помошта од руските спасувачи“, се вели во соопштението.

Русија соопшти дека спасувачки авиони „Иљушин-76“ се во готовност за да полетаат кон двете земји. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили во Сирија да помогнат во спасувачките напори.

Русија го поддржа ал-Асад во сириската граѓанска војна, започнувајќи воена кампања која помогна да се сврти бранот на конфликтот во негова корист, иако Западот заедно со околните американски сојузници во регионот ги поддржуваше сунитските бунтовници во кревањето на бунтот со кој требаше да биде соборена владата на ал-Асад која одржуваше добро односо со Москва и по распаѓањето на Советскиот сојуз. Американските војници сѐ уште одржуваат четири бази на најголемите сириски наоѓалишта на нафта и ја експлоатираат.

Русија има поморска база во Тартус на сирискиот брег, која беше само техничка за сервисирање до почетокот на војната во Сирија во март 2011 година кога беше зајакната, и управува со воздухопловната база Хмејм северно од Тартус. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните воени објекти во Сирија не биле оштетени во земјотресот.

06.02.2023 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега