И утре, и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје
На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија. Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
28.11.2022 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа