И Васко Ковачевски e oпфатен со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

 

МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Е.С., како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.

Сепак покрај овие три, и други имиња кои се опфатени, станува збор за возачи, но и за екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка. Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се на распит, а се врши и претрес во нивниот дом. 

 

10.03.2025 - 21:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега