Ибрахимовиќ и Дилета во летна авантура: Фудбалерот ја испратил сопругата дома, па се сретнал со убавата ноинарка
Италијанските медиуми објавуваат за љубовна афера помеѓу славниот Ас на Милан, Златан Ибрахимовиќ и познатата водителка Дилета Леоте.
Златан наводно е во тајна врска со водителката по која воздивнува цела Европа.
Тие двајцата се запознаа на снимање реклама за кафе, а како што соопштија медиумите, тие двајцата се видени заедно во Сардинија.
Медиумите јавуваат дека Ибрахимовиќ ги испратил сопругата и синовите дома, па тој тајно се упатил кон Коста Смералда, каде го чекала убавата Леота. Тие се сретнале во ресторан во кој влегле одделно, а потоа се седнале во дел што е затворен за јавноста. Никој не знае каде завршиле после вечерата.
„Ибрахмовиќ и Дилета-супер летен пар“ е само еден наслов од италијанските медиуми.
Шведските медиуми со денови пишуваат дека бракот на Златан е во сериозна криза. Неговата врска со неговата сопруга Хелен се олади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа