Ибрахимовиќ: Каква пензија, јас само се загревав!
Шведската ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, иако има 38 години и многумина очекуваа дека брзо можеби ќе оди и во пензија, им ги затвори устите на сите со најновата урнебесна изјава во свој стил.
Ибрахимовиќ според најавите ќе остане во Милан и покрај неговите рафални стрелби кон раководството на клубот во изминатиов период, а иако е во години кога полека се размислува за пензионирање, тој најавува дека досега само се загревал во кариерата.
„Каква пензија?! Тој што мисли дека ќе ја завршам кариерата – не ме познава. Не одам во пензија. Само се загревав досега“, вели Ибра, додавајќи: „Јас морав да се борам цел живот. Никој не веруваше во мене, па морав да верувам во себе. Некои сакаа да ме скршат, а ме направија посилен. Некои сакаа да ме искористат, а ме направија попаметен. Јас сум Златан Ибрахимовиќ и не планирам да се збогувам“.
Швеѓанецот во кариерата играше за Малме, Ајакс, Интер, Јувентус, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед, ЛА Галакси, а во Милан игра по вторпат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа