Илиевски: Наследивме долг од 3 милиони евра, ќе биде тешка година, но Град Скопје помага за бесплатен превоз

 

На денешната прес-конференција в.д. директорот на ЈСП Скопје, Иван Илиевски соопшти дека се враќа бесплатниот превоз за средношколците, студентите на државните универзитети, како и пензионерите.

Илиевски кажа дека наследил тешка финансиска состојба во претпријатието со загуба од 3 милиони евра, како и кредит за набавени МАН возила, кој се отплаќа веќе два месеци, но тоа нема да биде проблем за реализација на нови проекти.

„Се соочуваме со големи предизвици, скок на цената на нафтените деривати, на природниот гас. Споредбено со декември минатата година, трошоците за гориво и гас се зголемени во просек за 33%. Ова е и ќе биде тешка година за сите, а ние како претпријатие бараме начин да ги сведеме на нула непродуктивните трошоци. Тешко е, но не се откажуваме. Откажувањето не е опција во нашиот случај. Затоа и на инцијатива на градоначалничката оваа година има дотации за бесплатен превоз за возрасни граѓани“, вели Илиевски, кој додаде дека во последниот период согласно стратегијата и барањата на граѓаните беа пуштени во употреба дополнителни автобуски линии, а беа вратени во функција и претходно укинатите ноќни линии.

23.03.2022 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега