Имала само 18 години кога го пријавила скандалот на италијанскиот премиер Берлускони - денес привлекува внимание каде и да се појави
Италијанската манекенка, Амбра Гутиерез, деновиве била „уловена“ како ужива на плажа во Мајами.
Прекрасната убавица која има мешани корени - италијански и филипински, привлекувала внимание во провокативното портокалово бикини кое го носела.
Амбра во ова предизвикувачко бикини чиј горен дел ги истакнал нејзините гради, а долниот дел задникот, била главна атракција на плажата, а очигледно љубопитните погледи воопшто не ѝ пречеле.
Да ве потсетиме, Амбра во јавноста стана позната уште како 18-годишна девојка.
Таа тогаш го пријавила тогашниот италијански премиер Силвио Берлускони поради забавите на кои имало и малолетници кои биле користени за проституција. Амбра тоа го потврдила за полицијата и се раскажала за медиумите.
Подоцна била еден од главните сведоци на суд против Берлускони.
А, денес очигледно дека ужива далеку од целата таа драма, па наместо во родната Италија поголем дел од времето го минува во Мајами каде што папарацо фотографите ја фотографирале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа