Имам спротивен став од партијата: Не сите пратеници на СДСМ ќе гласаат за интерпелација на СДСМ

Екс потпретседателот на Владата и пратнеик на СДСМ Фатмир Битиќи не се согласува со партискиот став за интерпелацијата за Гаши. 
Тој во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик интерпелација на Левица ја нарече националистичка и ксенофобична и рече дека не може да најде аргументи за да ја поддржи.
За разлика од него, лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека партијата вчера изградила став дека ќе ја поддржи интепрелацијата против Гаши која што ја поднесе Левица. 
Претходно, пратениците на ДУИ рекоа дека нема да гласаат за разрешување на Гаши.

03.09.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега