Имате низок притисок: Д-р Пантиќ се огласи - кажа што треба да се прави наутро, многу луѓе овде грешат

 

Помошник директор на белградската Итна помош, д-р Сергеј Пантиќ на утринска емисија во живо нагласи дека Брзата помош е најбарана од хиперотничари, а дека кој има низок притисок пред се треба да појадува.

-Луѓето стануваат, па не појадуваат туку пијат кафе, некој не појадува па му паѓа шеќерот, па ќе испие кафе кое ве буди, но не го крева притисокот, плус е уште и диуретик, па уште повеќе го спушта притисокот - објасни докторот додавајќи дека може да се пие кафе, но пред се да се појадува.

-Се може, но задолжително појадок - вели д-р Пантиќ додавајќи дека освен до главоболка може да дојде и до промена на срцевиот ритам поради електромагнетно зрачење.

- Нема скокања наутро од кревет туку минута-две седнете, одморете, размислете што ќе правите, па тогаш станете - вели докторот додавајќи дека повеќето жени во текот на животот имаат низок притисок, па едно време тој почнува да варира и се претвора во висок.

Тој додава дека кој има проблем со висок притисок треба да зема терапија и тоа постојано, да не ја прекинува затоа што му е подобро. Кога таа терапија почнува да се зема, нема назад - се пие до крајот на животот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега