„Импотентен е, не ги измил забите од 2019 година“ - поранешната сопруга на славниот музичар изненади
Поранешната сопруга на славниот Фил Колинс, Оријана Севеј, го тужеше музичарот обвинувајќи го дека се откажал од нивниот договор според кој требало да ѝ даде половина од куќата во вредност од 40 милиони долари.
Во тие документи, таа го опишала Колинс како пустиник кој не миел заби ниту себе со месеци, пишува „Пејџ сикс“.
Оријана, која му соопшти на Колинс дека оди на службено патување, а притоа се омажи за друг човек, тврди дека музичарот започнал многу да пие во 2017 година и додава дека тој често „паѓал од комбинацијата на лекови и прекумерен алкохол“.
Таа дури вели дека во неколку наврати ја удрил главата кога паднал и се пријавувал во болницата под псевдоним. Таа исто така тврди дека до 2019 година, Колинс „стануваше сè подепресивен, повлечен, насилен и, по операцијата на грбот, сè повеќе зависен од антидепресиви и таблети против болки“.
– Не можеше да имаме интимни односи. Престана да се тушира, да мие заби и да се облекува нормално. Всушност, тој не ги миеше забите и не се тушираше од 2019 до август 2020 година, кога го напушти нашиот дом – рекла Севеј.
Таа исто така рекла дека тој веќе не е во можност да прави песни или да снима музика и дека бил „емотивно и вербално насилен“ кон неа, како и дека често ги игнорирал потребите на своите деца.
Адвокатите на Колинс тврдат дека нејзината пријава до судот „содржи многу докази за лажни, нематеријални, дрски, скандалозни и перверзни обвинувања кои немаат никаква врска со законските барања во овој случај“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа