Индекс: Се урна авион во Хрватска, едниот пилот е најден, по другиот се трага

Се урна хрватски МИГ-21 денеска за време на вежба кај областа кај Слатина во Вировитско-подравинска жупанија, пренесува Индекс.
 
„Авионот МИГ-21 на хрватското воено воздухопловство за време на закажана тренинг-активност во вторник, 6.12.2022 година, околу 14 часот, се урна во областа кај Слатина во Вировитско-подравинската жупанија. Сите мерки и дејствија беа преземени за да се најде и спаси екипажот“, информира хрватското Министерството за одбрана.
 
Едниот пилот бил пронајден откако се катапултирал и се јавил преку радиоврска. Се трага по уште еден пилот, објави Индекс.
06.12.2022 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега