Инфлацијата во Шведска највисока во последните три децении

Инфлацијата во Шведска се зголеми минатиот декември до највисоката точка во последните три децении, помогната од цените на електричната енергија кои ги зголемија трошоците за живот, покажаа последните официјалните податоци.

Индексот на трошоците на животот (CPI) се зголеми за 12,3 отсто во декември и 11,5 отсто во ноември, објави Шведската агенција за статистика. Ова е најголем месечен пораст на цените од февруари 1991 година.

Главен двигател на поскапувањето беше цената на струјата која во декември поскапе за 28,8 отсто во однос на претходниот месец, а за 45,3 отсто во однос на претходната година.

Шведската инфлација приспособена за фиксни каматни стапки (CPIF) – бројката што ја користи шведската централна банка за насочување на монетарната политика – скокна на 10,2 отсто на годишна основа, од 9,5 отсто во ноември.

Во обид да се спротивстави на зголемената инфлација, централната банка на скандинавската земја нагло ја зголеми основната каматна стапка во последните месеци, од нула во април на сегашните 2,5 отсто, а нејзиниот следен состанок за монетарната политика е закажан за почетокот на февруари.

Банката сигнализираше дека може да има дополнителни зголемувања.

Инфлацијата се зголеми ширум светот по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, што ги натера централните банки да ги зголемат каматните стапки.

 

Но, инфлацијата во САД ослабе шести пат по ред, а податоците од четвртокот покажуваат забавување на индексот на потрошувачките цени на 6,5 отсто во декември.

 

13.01.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега