Инспектори на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници
Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамки на редовните работни задачи во текот на изминатите денови исконтролирале над 40 превозници, при што се утврдиле неправилности и одзеле девет сообраќајни дозволи на диви превозници, информираше денеска прес-службата на Град Скопје.
Оттаму најавија дека продолжуваат со засилените инспекциски надзори за да се овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел, како што велат, сузбивање на дивите превозници на територијата на градот.
– Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на Град Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа