Инстаграм го блокираше Канје Вест

 

Инстаграм го блокираше Канје Вест на 24 часа поради кршење на правилата на таа платформа за говор на омраза, злоупотреба и вознемирување.

Контроверзната содржина што ја објавил Вест сега е избришана, а тој не може да пристапи на својот профил еден ден. Нема да може да објавува, да „лајкува“, коментира или испраќа директни пораки, објави портпаролот на компанијата Џо Озборн.

Објавата на Вест содржела расистичката навреда упатена на водителот на „Дејли шоу“, Тревор Вест, откако тој јавно изразил загриженост дека музичарот психички ја малтретира сега веќе поранешната сопруга Ким Кардашијан.

17.03.2022 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега