Инстаграм конечно им дозволи на корисниците да преземаат reels

Апликацијата Instagram повторно ги изненадува своите корисници. Имено компанијата конечно им дозволува на корисниците да преземаат Reels објавени од други за да објавуваат надвор од апликацијата. Ривалската апликација TikTok ја има оваа функција веќе неколку години, давајќи им на секој можност да гледа видеа со воден печат, пренесе TechCrunch.

Шефот на Instagram, Адам Мосери објави на јавниот канал на Instagram во вторникот дека американските корисници на апликацијата ќе можат да почнат да преземаат видеа на нивните уреди со допирање на иконата за споделување и избирање на опцијата Download.

Мосери нагласува дека на овој начин може да се преземат само Reels објавени на јавни сметки. Јавните сметки може да ја исклучат и можноста за преземање на Reels.

 

 

21.06.2023 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега