Инстаграм повторно крахираше

Социјалната мрежа Инстаграм и вечерва се соочува со проблеми во работата. Компанијата се огласи преку Фејсбук откако претходно неделава се случи и глобален пад на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп.

-Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работтите што побрзо да се вратат во нормала, се вели во објавата.

Според западните медиуми, за само половина час пристигнале над 17.000 пријави за неправилности во работењето на апликацијата Инстаграм.

Пред само четири дена паднаа најпопуларните социјални мрежи и не работеа речиси 8 часа поради што настана општ хаос во светот. Овој неколкучасовен прекин ја чинеше компанијата неверојатни 164.000 долари по минута од приходот. Акциите на берзата изгубија над 40 милијарди долари од вредноста.

08.10.2021 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега