Ирина Шајк и Том Брејди „уловени“ по бурниот заеднички викенд

 

Легендата на американскиот фудбал Том Брејди и рускиот топ модел Ирина Шајк наводно се во врска, пренесуваат американските медиуми ТМЗ и „Пејџ сикс“.

Веста за потенцијалната врска ја објавија светските медиуми, а фотографите на странските медиуми беа упорни и веќе имаат доказ за новата љубов.

Фотографиите од наводната двојка се проширија на социјалните мрежи, особено на Твитер, а како што пишуваат гореспоменатите медиуми, Ирина Шајк и Том Брејди заедно го поминале викендот. Ирина ја поминала ноќта во домот на Том, а утредента тој ја одвел до хотелот каде што престојувала.

Сè започнало во петокот, кога новинарите добиле информација дека тој најпрвин ја земал во хотелот Бел-Ер попладне, за да ја одвезе до неговиот дом. Извори на споменатите медиуми открија дека Ирина и Том влегле во неговиот дом насмеани и дека таа не излегла оттаму до следното утро околу 9:30 часот.

Папараците подоцна ги уловиле додека седеле во автомобилот на фудбалерот, а во еден момент тој нежно ја милувал Ирина по образот.

Да потсетиме, бразилската манекенка Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа минатата година по 13 години брак. Веста ја објавија на социјалните мрежи, а се разделија во пријателски односи.

Откако пред неколку години ја раскина свршувачката со актерот Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа, Ирина ја поврзуваа со неколку мажи, но ниту за еден немаа „доказ“ дека е нејзин нов партнер.

24.07.2023 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега