Искористете го топлото сонце, викендот се очекува пресврт

 


Времето утре наутро постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.

15.10.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега