Искрена љубов или „работен ангажман“ - вистината за бракот на Доналд и Меланија Трамп

 

За бракот на поранешниот американски претседател и словенечката манекенка светот не престанува да зборува.

Доналд и Меланија се запознале во Њујорк во еден ноќен клуб 1998-та година. Иако тој бил во придружба на друга жена, убавата Словенка веднаш ја забележал, па така ѝ го дал својот приватен број од телефон, со надеж дека ќе му се јави. Иако таа на почетокот не сакала да му се јави, затоа што како што тврдат „добро знаела кој е тој и каква репутација има кога станува збор за жените“, сепак го направила тоа.

Иако Трамп е познат по својата екстровентност, некои тоа би го нарекле егзибиционизам, Меланија била многу посрамежлива од својот сопруг. Меѓутоа, заедничките пријатели, но и самата Меланија потврдиле дека меѓу нив двајца се создала некаква хемија.

Хемијата очигледно не траела многу затоа што има многубројни сведоштва од нивни блиски соработници и пријатели кои што тврдат дека тој брак отсекогаш бил „чуден“.

Доналд и Меланија никогаш не ја делеле својата спална соба, а познатиот бизнисмен дури имал навика да ја заклучува својата соба за сопругата да не го вознемирува.

Уште почудно од тоа е тоа што парот никогаш не бил забележан како заедно вечера во нивниот дом, што потврдила жената која што работи како куќна помошничка во семејството Трамп.

Во прилог на тоа покажуваат и многубројните снимки на првата дама, која што постојано одбива да го фати својот сопруг за рака или пак лажно се насмевнува додека тој ја гледа, а потоа се мурти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега