Испливаа детали од предбрачниот договор: Џенифер Лопез е спремна на ова ако нејзиниот иден сопруг одбие да потпише
Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез ја откажаа венчавката поради пандемијата на коронавирусот, а сега испливаа детали од предбрачниот договор со кој шокираа многумина.
Имено, една од причините што венчавката ја ставиле 'на чекање' е и внимателниот предбрачен договор. Меѓутоа, токму тој е причина за новите, големи проблеми во врската на латино дивата и шест години помладиот поранешен бејзбол играч.
Пејачката е спремна и да ја прекине врската доколку нејзиниот избраник одбие да го потпише договорот кој го направиле нејзините адвокати.
„Предбрачниот договор многу ги оддалечи и често се расправаат. Џенифер е подготвена Алекс да го нарече измамник и да го остави ако одбие да потпише“, открил извор близок на славниот пар.
„Проблемот е во тоа што двајцата се навикнале да имаат помалку познати и богати партнери и очекуваат дека другата страна едноставно ќе се согласи на сите барања“, додава изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа