Испливаа нови детали: Зошто Принцезата Кејт две недели се криела од јавноста
Принцезата Кејт Мидлтон (42) во петокот вечер објави дека има рак и дека е подложена на хемотерапија. Таа раскажа дека во јануари била на операција на стомакот, а лекарите со последователни прегледи утврдиле дека има рак. Како што пишуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон сама го напишала говорот пред две недели, кога одлучила својата дијагноза да ја сподели со светот. Таа и Вилијам одлучиле да почекаат до велигденските празници за да ја соопштат веста за нивните деца да бидат дома за време на медиумскиот хаос.
Кејт во видеото изјави дека е во рана фаза на хемотерапија и вели дека дијагнозата била голем шок за неа и за целото семејство.
Британските медиуми пишуваат и дека децата на Кејт со денови биле под притисок на нивните врсници на училиште откако настанал хаос во Велика Британија и на интернет поради „исчезнувањето“ на нивната мајка.
Пријателите на принцезата наведуваат дека Кејт со нејзината објава за рак уште на почетокот на празниците пред се сакала да ги заштити своите деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа