Испукани 29 куршуми: Хорор сцена – се обиделе да ограбат фудбалер на Тотенхем
Бразилскиот интернационалец во дресот на Тотенхем, Емерсон Ројал доживеал стравични сцени. Имено тој додека бил на одмор во својата земја, во Сао Паоло бил цел на грабеж како од филмовите.
Откако излегувал од еден ноќен локал, од зад грб му пришле неколку разбојници кои побарале да им предаде се што има во себе. Ројал во тоа време правел селфи со еден полицаец кој не бил на смена.
Откако полицаецот видел дека во грбот на фудбалерот бил вперен пиштол, тој почнал да пука при што настанал хаос. Во тие моменти биле испукани дури 29 куршуми, а фудбалерот на Тотенхем имал среќа што ниту еден не го погодил.
Ранет бил само еден од разбојниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа