Историски највисока цената на какаото, еден тон чини 9000 долари


Цената на какаото денеска ја достигна историски највисоката цена од 9.000 долари за тон.

Лошата жетва поради лошите временски услови и болестите на земјоделските култури кај западноафриканските земјоделци, каде што се одгледува најголемиот дел од какаото во светот, влијаеја индустријата да бележи пад на производство, а побарувачката на суровината да расте.

 

Поскапувањето на какаото ќе влијае и на повисоките цени на чоколадото и другите кондиторски производи во чиј состав има какао. Следната година, според аналитичарите, може да е очекува и недостиг од овие производи.

26.03.2024 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега