Истражување: За колку отсто се намалува ризикот од заразување со Ковид-19 по вакцинацијата?
Пет седмици по примање на првата доза на вакцината против коронавирусот, заразување со Ковид-19 е намалено за 80 отсто, а за 90 отсто е помала примената за болничко лекување, додека пак смртните случаи се помали за 95 отсто, покажува студијата направенаод италијанскиот Национален институт за здравје.
Истражувањето било направено на примероци од 13, 7 милиони вакцинирани луѓе.
Како што пренесува агенцијата „Ansa“ станува збор за прво такво поголемо истражување на некоја држава членка на ЕУ за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а анализирани биле податоци од почетокот на вакцинацијата до 3 мај.
Податоците покажале дека образецот е ист и за мажите и за жените, без оглед на нивната старост, како и дека ризикот од заразување постепено се намалува две седмици по примање на првата доза од вакцината.
Од 13,7 милиони луѓе коишто биле опфатени во студијата, 95 отсто примиле две дози од вакцината Фајзер или Модерна, а останатите 5 отсто биле вакцинирани со вакцината на АстраЗенека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа