Италија Мелони: Ги разбирам критиките на Венс за Европа
Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кои се упатени кон Европа во неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција во изминатиот месец.
„Морам да кажам дека се согласувам. Ова го говорам со години… Европа малку се изгуби себеси“, одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа назадувала во своето залагање за слободата на говорот и демократијата, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Венс во својот говор рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа