Итен повик за евакуација: Шумски пожар кај грчкиот град Литохоро

Шумски пожар избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа, а преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местото Плака да се евакуираат кон Катерини и Лептокарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 18 пожарникари со седум возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.

Според локалните медиуми, поради силниот ветер огнените јазици брзо се шират и веќе е предизвикана штета на една куќа.

Од грчката железница информираа дека поради пожарот привремено е во прекин железничкиот сообраќај во конкретниот регион.

18.08.2024 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега