Ивановска: Тоа што немавме службени возила и дипломатски пасоши не нѐ спречи да учествуваме на скринингот во Брисел

 

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на комисијата, Билјана Ивановска се огласи на социјалните мрежи по соопштението на актуелниот состав.

Вели дека како поранешни членови таа и нејзините колеги немаат никакво влијание врз работењето на Комисијата, ниту врз работењето на медиумите.

-Обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.

Како поранешни членови немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската Комисија и другите меѓународни организации и тела, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат. Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел, вели Ивановска.

Според неа, навреда за сите функционери кои се однесуваат домаќински да се констатира дека возењето велосипед или одењето пешки е популизам.

-Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам. По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и  се грижат за животната средина, вели таа.

20.07.2024 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега