Избегнете ги високите сметки за струја, трикови кои штедат време и пари
Експерти даваат неколку корисни совети за тоа како да ја заштедите на електрична енергија, да потрошите помалку пари, но и да покажете еколошка свест.
Првата препорака е големите потрошувачи, ако можете, да ги користите навечер како на пример машините за перење алишта/садови. Дополнително може да ја користите опцијата за одложено перење со подесување на тајминг.
Домашните уреди се означени од „Г“ што е најниско до „А+++“ што се однесува на уреди кои се еколошки на максимум и штедат повеќе струја и вода.
Следете ги овие ознаки при купување нов уред. Можеби ќе платите малку поскапо за уредите со „А++“ или „А+++“, но значително ќе заштедоте долгорочно. Тука спаѓаат бојлер, машина за перење/сушење алишта, машина за садоци, фрижидер, клима уред, ТВ, грејни тела.
Сајтот monopolybuysellrent.co.uk објаснува дека уредот кој ќе остане приклучен на струја не троши значително, но го намалува векот на траење. На пример, многу од вас никогаш не го вадат полначот за телефон од струја, што секако е грешка. Се наведува дека полначот и натаму во ваков случај користи струја, без оглед дали уредот е приклучен или не, но потрошувачката на пари во ваков случај е занемарлив.
Греењето, секако, има голема улога во количината на струја која се користи во вашиот дом. Колку повисока температура во просторијата, толку повеќе уредот е приморан да загрева побрзо.
Добра идеја се и проточните бојлери
Кај перењето алишта, освен користењето на машината навечер доколку сте во можност,обидете се да перете да пониска температура ако тоа ви го дозволува состојбата на алиштата.
Препорака е и да користите детергент кој е креиран да работа подобро на пониски температури за да се постигне најдобар резултат. Внимавајте и за тоа што перете: се подразбира дека долната облека и пешкирите, на пример, ќе ги перете на повисока температура, но затоа направете компромис со другите алишта.
Не ја вклучувајте машината половично наполнета. Ако не соберете доволно алишта во светла/темна боја, добро решение се марамчињата кои фаќаат боја. Така ќе можете да ги споите алиштата и машината да ја вклучите еднаш наместо двапати.
Кога се работи за готвењето, не е реално да избегнувате користење на електрична енергија, но постојат начини да се намали потрошената количина на електрична енергија.
Обидете се да печете повеќе оброци оддеднаш кога ја користите рерната, повеќе од едно ниво постои во неа со причина. Рерната е уште еден голем корисник на енергија, па подготовката на повеќе оброци истовремено ја намалува употребата на енергија, а вие штедите време и пари.
Потребно е многу енергија за загревање на рерната, особено ако постојано ја отворате за да ја проверите храната, па подобро е да видите однадвор дали јадењето е готово. Ако варите кафе, ставете вода колку што навистина ви е потребно бидејќи тогаш процесот на провривање на водата е пократок.
Што подолго чекате водата да зоврите, повеќе струја трошите, а потоа веројатно ќе фрлите барем една третина од видата.
Потрудете се фрижидерот да го отворате што поретко, односно вратата да биде што пократко отворена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа