Избувна пожар на познато грчко летувалиште: На терен хеликоптери и голем број пожарникари

Моќни противпожарни единици оперираат на локацијата „Тополијани“ во Лептокарија за справување со големиот пожар кој избувна на таа локација. На терен се 39 пожарникари и 13 противпожарни возила.

Пожарникари и хеликоптери го гаснат пожарот кој гори на само неколку километри од популарното летувалиште.

Веста за овој пожар се најде на популарната група Грција инфо со опис:

- Пожарникари и хеликоптери го гаснат пожарот на неколку километри од Лептокарија. Секако, голема поддршка од срце за храбрите пилоти.

13.07.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега