Избувна пожар во дуќан во кумановски Гарнизон

Две екипи на територијалната противпожарна единица го изгаснале пожарот кој избувна во напуштен дуќан на трет кат од Гарнизон во Куманово, информираа денеска од ТППЕ Куманово. 

Пожарот избувнал пред 14 часот во напуштен дуќан кoј бил полн со смет.

-На терен интервенираа две противпожарни возила и седум пожарникари кои го изгаснале пожарот за еден час. Просторот беше полн сл смет информираа од ТППЕ Куманово. 

Во објектот на третиот кат со години се фрла смет и шут.

18.07.2024 - 18:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега