Избувнал пожар во болница во Њу Делхи, загинаа седум бебиња
Голем пожар избувнал во болница во источниот дел на Њу Делхи.
Во пожарот загинаа седум бебиња, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
26.05.2024 - 10:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа