Изгоре автомобил на бизнисмен во Македонија - Ветрот запалил уште две коли
Во пожар што се случи ноќеска, дваесет минути по полноќ, изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола, дознава порталот „Апла".
Огнот најпрво избувнал во автомобил марка „Тојота“, а пред пожарот се чул силен звук. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобили до него марка „Пасат“ и Дачија“.
- „Во 24 и 20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно возило на улица „Леринска“ со 5 пожарникари. Интервенцијата траеше еден час до 1 и 20 часот. Зафатени беа три возила. “ изјави командирот на Противпожарната единица на Битола Горан Димкоски за „Апла“ .
Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, настанот во полиција е пријавен 20 минути по полноќ, а трите опожарени возила се водат на приватни фирми, едното е на битолска, другото на скопска и тетовска фирма.
„Пожарот избувнал на паркинг на улица „Леринска“ каде од страна на непознат стрител била фрлена запалива течност при што опожарени биле три возила „тојота рав“ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило било „фосфаген пасат“ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третето зафатено со оган возило е „дачија“ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се превземаат мерки да се расчисти случајот“, изјави Стаматова за „Апла“.
Неофицијално првиот опожарен автомобил бил во сопственост на семејството на бизнисмен од Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа