Изгубен домашен миленик: Семејство од Скопје нуди награда од 2.500 евра
Семејство до Скопје нуди награда од 2.500 евра за тој што ќе го пронајде нивниот папагал Шер, од видот ара, кој се изгубил пред четири дена.
Семејството, како што објави Фокус, чиј идентитет е познат на нашата редакција, појаснува дека Шер ја чувале две години, имала картон за препознавање, а последен пат била видена во населба Орман, близу картингот.
Од семејството даваат и упатство, доколку некој ја забележи, како да и пријде без да ја исплаши или повреди.
-Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете и рака, не дланка и покажете и трпение, ќе дојде. Не и приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот-појаснуваат тие, пренесе Фокус.
Првично, кога се изгуби, за Шер семејството нудеше награда од 1.000 евра, но како минува времето, а нивната загриженост растела, па сега тие нудат 2.500 евра за пронаоѓачот и се надеваат дека со помош на добрите луѓе нивниот миленик наскоро ќе биде дома.
Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.
Извор: Фокус
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа