Излезност по изборни единици до 15 часот


До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 42.31 %

Изборна единица 2 36.69 %

Изборна единица 3 41.02 %

Изборна единица 4 36.88 %

Изборна единица 5 35.95 %

Изборна Единица 6 29.14 %

08.05.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега