Измамници во акција: Лажно се претставил дека е син на Сара Пројкоска за да земе финансиска помош

 


Воислав Дабевски, кој живее во Осло, Норвешка, за малку ќе станал жртва на измама откако понудил помош по трагичниот пожар во Кочани. Тој сподели дека добил повик од маж кој се претставил како Филип Мицевски, 20-годишен син на починатата пејачка Сара Пројковска.

„Ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, е во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше, што ме натера да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тука се посомневав. Ми испрати слика од пасош, но веднаш забележав дека според годината на раѓање, станува збор за 30-годишен маж, а не за 20-годишно момче“, напиша Дабевски.

Дабевски веднаш се распрашал кај пријатели и се покажало дека станува збор за измама.

„Затоа, бидете внимателни! Има измамници кои ќе ја искористат вашата добрина. Но, јас сепак верувам дека добри луѓе постојат!“, напиша Дабевски во својата објава.

19.03.2025 - 10:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега