Измерени -9 степени, еве каде утрово беше најстудено
Минусните температурии се вратија на самиот почеток на пролетта.
На Попова Шапка утрово е измерена најниска темепратура од -9 степени.
Следат Маврови Анови со -6 степени, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, Берово, -2 Претор, Битола, -1 Скопје-Петровец, Виница, Охрид, Прилеп, Тетово, 0 Струмица, Штип, 1 Демир Капија, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Велес и Дојран и 5 степени во Гевгелија.
За изминатите 24 часа до 07 часот најмногу воден талог наврнал во Битола – 5 л/м2, потоа 3 л/м2 во Берово, Крушево и Охрид, 2 Претор и 1 л/м2 на Попова Шапка, Кавадарци, Пожар, Прилеп, Тополчани, Тетово, Пожаране и во Маврови Анови.
Утрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа