Изминатото деноноќие произведени 18.495 мегават часови електрична енергија
АД ЕСМ вчера произведе 18.495 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, посочуваат, во термоелектраните се произведени 12.584, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.911 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, потенцираат од Владата.
11.01.2023 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа