Израел ќе ослободи 95 палестински затвореници во замена за три жени

 

 


Израелските власти одредија 95 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот за размена на заложници со Хамас.

Во замена за ослободувањето на затворениците, Хамас ќе ги ослободи трите жени кои ги држеше како заложници. Првата размена е закажана за недела во 16 часот по локално време.

Израелскиот воен кабинет денеска го одобри договорот за ослободување на заложниците и прекин на огнот со Хамас, постигнат во Доха.

 

17.01.2025 - 19:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега