Израелски аптекар по грешка примил четири дози од вакцината – вели дека му е добро

 

Еден израелски аптекар денеска случајно примил четири дози од вакцината на Фајзер против коронавирусот, но вели дека се чувствува добро.

Удај Азизи изјави дека  откако грешката била забележана, бил пратен во болница на преглед и следење на неговата состојба.

Најверојатно медицинската сестра не сфатила дека во едно шишенце има вкупно пет дози од вакцината на Фајзер.

Аптекарот изјавил дека досега почувствувал само благи нуспојави, болки околу местото на убодот и оти забележал црвенило, пренесуваат израелските медиумите.

Според нив, тој не се вознемирил кога му било кажано оти добил четири дози од вакцината одеднаш, и рекол оти за три недели ќе треба да прими уште една доза.

Во Израел во неделата почна масовна вакцинација на населението, а приоритет имаат здравствените работници. Во понеделникот почна вакцинацијата на лицата над 60 години. Здравствените власти соопштија дека за два дена вакцинирани се 30.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2020 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега